Третмани за лице
Третманите за лице се одличен начин за обновување на кожата, враќање на нејзината свежина и здрав сјај. Со нашите различни техники кожата станува поцврста и ослободена од нечистотии.
01.
Класичниот третман на лице е основен и рутински процес за нега на кожата кој се користи за чистење, освежување и хидратација на лицето. Ова е најчестиот и основен третман кој го нуди нашиот салон и е идеален за секој тип на кожа.
02.
Одличен начин за релаксација и подобрување на циркулацијата во овие области. Оваа техника не само што го намалува стресот, туку помага и во подмладување на кожата, оставајќи ја посвежа и позатегната.
03.
Третманите со РФ се козметички третмани кои користат радиофрекфенција за да се стимулира колагенот и еластинот во кожата, што доведува до подобрување на текстурата и цврстината на кожата.
04.
Козметички третман кој користи радиофрекфенција за да се стимулира колагенот и еластинот во кожата, што доведува до подобрување на текстурата и цврстината на кожата.
05.
Иновативна и неинвазивна технологија која комбинира микровибрации и компресивна терапија за да ја подобри циркулацијата, да ја стегне кожата и да го стимулира лимфниот систем.
06.
Третман кој комбинира длабинско чистење, нежен пилинг, безболно отстранување на нечистотии и интензивна хидратација во една постапка, треман кој ја прави кожата мазна, свежа и блескава.
Нашите најнови третмани:
01.
Третман со најновиот SMART HydraFacial апарат кој користи AI SMART TECHNOLOGY за персонализирана нега на кожата. Најнапредниот апарат за биоревитализација, длабинско чистење и хидратација
02.
Третман за луксузна и екслузивна нега. Златото се користи за змазнување на брчките, за освелување на кожата давајќи му на лицето сјаен и блескав тен.
03.
Третман со хијалуронска киселина и хијалуронски мус за моментален волумен на кожата и ефект на филер. За интензивна хидратација и волумен на кожата.
Додатоци во третманот:
(Anti-aging)
Естетски третмани
01.
Ефиксен анти ејџинг третман кој ја враќа еластичноста ,сјајот и свежината на кожата. Оваа техника подразбира инјектирање на коктел од хранливи материи, витамини, минерали, антиоксиданси и хијалуронска киселина директно во кожата, со цел да се стимулира природната регенерација и да се поттикне производството на колаген и еластин.
02.
Иновативен третман кој комбинира мезотерапија и аргилерин ампула со дејство на ботокс, за да се постигне освежен и природен изглед. За разлика од класичниот ботокс со овој третман површински се нанесува коктелот со помош на дермапен, што резултира со фино затегнување и измазнување на кожата, без губење на природната мимика.
03.
Ревитализирачки третман за лице кој ја враќа природната хидратација на кожата и ја подобрува нејзината еластичност и сјај.Овој метод подразбира нанесување на хијалуронска киселина на површинските слоеви на кожата со помош на дермапен, што овозможува интензивна хидратација и регенерација.
04.
Специјален вид на мезотерапија кој се фокусира на осветлување и изедначување на тенот, намалување на хиперпигментациите и освежување на кожата.Овој третман е особено ефикасен за луѓе кои сакаат да ја подобрат рамномерноста на кожата, да ја намалат појавата на темни дамки или да ги ублажат знаците на стареење предизвикани од сончево осветлување.
05.
Tретман која ја обновува рамнотежата формулиран е да ги унижти акните и нивните последици.Оваа формула е заснована на иновативната комбинација на антибактериски и антиинфламаторни супстанции кои ги намалуваат флеките и го смируваат црвенилото.
06.
Револуционерен биомодулаторски третман кој комбинира напредна технологија и природни процеси за стимулирање на регенерацијата на кожата. Овој третман длабински ја обновува кожата, поттикнува производство на колаген и го враќа младешкиот сјај.
07.
Kозметички третман кој се користи за подобрување на изгледот и текстурата на кожата преку апликација на хемиски раствори кои предизвикуваат контролирана ексфолијација на епидермисот.
08.
Оваа процедура помага во отстранување на мртвите клетки од површината на кожата што поттикнува нејзино обновување и дава посвеж и помлад изглед.
09.
Популарен неинвазивен козметички третман кој користи високо-фокусиран ултразвук за да ги стимулира длабоките слоеви на кожата без потреба од хируршка интервенција.
10.
Третман кој користи високо-фокусиран ултразвук и посебно ефикасен за затегнување на кожата, подигнување на опуштените делови и намалување на брчките.
11.
Хидра глос липс е козметички третман наменет за хидратација, волумен и сјај на усните. Овој третман е особено популарен поради својата способност да обезбеди природно полн и свеж изглед на усните, без потреба од инвазивни процедури.
Нашите резултати












