третмани за лице / мезо whitening

Мезо whitening

Специјален вид на мезотерапија кој се фокусира на осветлување  и изедначување на тенот, намалување на хиперпигментациите и освежување на кожата.Овој третман е особено ефикасен за  луѓе кои сакаат да ја подобрат рамномерноста на кожата, да ја намалат појавата на темни дамки или да ги ублажат знаците на стареење предизвикани од сончево осветлување.

Придобивки од мезоwhitening:

  1. Осветлување на кожата -Ампулата што се нанесува содржи  активни состојки кои го намалуваат производството на меланин, со што се ублажуваат темните дамки и пигментните нерамномерности.
  2. Изедначен тен-Го подобрува општиот изглед на кожата, правејќи ја порамномерна и сјајна.
  3. Подмладување и хидратација-Коктелот вклучува витамини, антиоксиданси и хијалуронска киселина што ја хидрира кожата.
  4. Антиоксидативна заштита-Помага во борбата против слободните радикали, и го штити лицето од понатамошно оштетување.

Пост процедурна нега:

  • Избегнување на сонце- По третманот кожата е осетлива на сончево зрачење. Затоа е важно да се користи крем со висок заштитен фактор.
  • Хидратација- одржување на кожата хидрирана е клучно за продолжување на ефектите од третманот.
  • Избегнување на агресивни производи- Првите неколку дена после третманот избегнувајте производи со киселини или ретиноиди.

 

Резултатите стануваат видливи по неколку дена, а потребни се најмалку 3 сесии на растојание од 3 недели.

Се користат коктели од медицинската козметика infini premium, mc cosmetics.

Scroll to Top