третмани за лице / масажа на лице, врат и деколте

Масажа на лице, врат и деколте

Масажа на лице, врат и деколте е одличен начин за релаксација и подобрување на циркулацијата во овие области. Оваа техника не само што го намалува стресот, туку помага и во подмладување на кожата, оставајќи ја посвежа и позатегната.

Постапка:

1.Чистење на лицето – Пред масажата лицето се чисти од шминка и нечистотии.

2.Примена на масло или крем – Се нанесува соодветен крем или масло на лицето, вратот и деколтето за полесно лизгање на рацете и за хидратација.

3.Масажа на лицето, вратот и деколтето – Со кружни движења се поминува челото кон слепоочниците, потоа побразите и брадата. Потоа со надолни движења се оди према вратот од подбрадокот до клучната коска.Вратот е место за акумулација на стрес па масажата ќе го опушти и ќе ја намали напнатоста.

4.Завршна фаза – Со лесни тапкања се завршува масажата, овозможувајќи кремот или маслото целосно да се апсорбира во кожата.

Бенефити од масажата:

  • Подобрување на тон усот и текстурата на кожата
  • Подмладување и сјај на кожата
  • Подобра циркулација и намалување на тензијата во мускулите.

Оваа масажа е наменета за сите они кои што сакаат момент на релаксација и подобрување на изгледот на кожата на лицето, вратот и деколтето.

Scroll to Top