третмани за лице / хемиски пилинг на лице
Хемиски пилинг на лице
Козметички третман кој се користи за подобрување на изгледот и текстурата на кожата преку апликација на хемиски раствори кои предизвикуваат контролирана ексфолијација на епидермисот. Оваа процедура помага во отстранување на мртвите клетки од површината на кожата што поттикнува нејзино обновување и дава посвеж и помлад изглед.
Во нашиот салон користиме PRX/TPRX.
* TPRX ( трихлороцетна киселина)
Овој хемиски пилинг се користи за подмладување на кожата.Оваа киселина продира во средните и длабоките слоеви на кожата, со што предизвикува ексфолијација и како резултат на тоа се стимулира обновување на кожата.Се постигнува изедначен тен, затегнатост и сјај на кожата.
Основни предности:
- Подмладување на кожата.
- Намалување на фини линии и брчки
- Подобрување на текстурата и тонусот на кожата
- Намалување на хиперпигментации, дамки и лузни од акни.
- Намалување на порите и спречување на акни
- Побрза регенерацвија на кожата
Процес на третман:
- TPRX растворот се нанесува на чисто лице или на некоја друга регија,при што може да се осетите блага и краткотрајна топлина. Овој третман не се измива.
2. По апликацијата кожата почнува да се лупи, а целосното опоравување трае 1-2 недели.
3. Пост процедурна нега
4. Користење на хидратантни креми за да се спречи сувоста
5. Избегнување изложеност на сонце и задолжително користење на заштитен фактор.
6. Избегнување на агресивни производи додека кожата целосно не се обнови.
Овој третман е наменет за различни типови на кожа.
