третмани за лице / радиофрекфенција на лице

Радиофрекфенција на лице

Третманите со РФ се козметички третмани кои користат радиофрекфенција за да се стимулира колагенот и еластинот во кожата, што доведува до подобрување на текстурата и цврстината на кожата.

Триполарна РФ

Користи три електроди кои испраќаат радиофрекфентна енергија во кожата. Енергијата продира во површинските и средните слоеви на кожата загревајќи го ткивото и стимулирајќи го производството на нов колаген.Овој процес помага да се затегне и измазни кожата што резултира со помлад изглед.Триполарната РФ е безболна и често пати пациентите ја опишуваат како чувство на топлина на кожата.

Четириполарната Рф

Е технологија која користи 4 електроди кои овозможуваат радиофрекфентната енергија да се дистрибуира подлабоко во кожата. Ова овозможува подлабоко загревање на ткивото што ја зголемува ефикасноста на третманот за намалување на брчки,затегнување на кожата(Lifting) и подобрување на циркулацијата.

Двата третмани се безбедни, неинвазивни и се препорачуваат како дел од антиејџинг рутината за одржување на здрава и еластична кожа.

Scroll to Top