За Нас

Nutri Diet Club

Салон за нутриција и убавина на лице и тело

Во салонот може да добиете услуги од област на нутриција, а исто така и врвни третмани за убавина на вашето лице и корекции на вашето тело.

Третмани за акни, корекција на брчки и лузни, отстранување на целулит, слабеење – се само дел од врвните третмани кои со својата ефикасност задоволиле над 5000 клиенти.

Нутриција

Професионално изработени индивидуални програми за исхрана од страна на стручно лице, според антропометриски параметри и крвна слика.

Третмани за лице

Третмани за обновување на кожата на лицето, ослободување на нечистотии, подобрување на текстурата на кожата и враќање на нејзиниот сјај.

Третмани за тело

Третмани за намалување на целулитот, тонирање и обновување на мускулите, облукување на регии и затегнување на телото.

Марија Лазиќ

нутриционист

marija

Се занимава со исхрана, создавање персонализирани планови за исхрана и едукација на луѓето за здравите навики во исхраната.

Која е мојата улога, целите и задачите како нутриционист?

1.Изработка на персонализирани планови за исхрана –  Јас како  Нутриционист создавам индивидуализирани планови базирани на потребите , целите и здравствената состојба на клиентот, како што се слабеење, зголемување на телесната тежина, справување со болести  или подобрување на спортскиот перформанс.

2.Едукација за здрави навики – Ги советувам клиентите за важноста на здравата и избалансирана исхрана, како и за начинот на правилен избор на храна и подготовка на оброците.

3.Третирање на специфични состојби – Како Нутриционист помагам во справување со здравствените проблеми поврзани со исхраната, како што се: дијабетес, хипертензија, алергии на храна,целијакија,дигестивни нарушувања и ногу други.

4.Следење на напредокот – Го следам напредокот на  клиентите, го адаптирам планот на исхраната според резултатите и ги охрабрувам да продолжат со постигнувањето на целта.

Кој може да се консултира со нутриционист Марија Лазиќ?

  • Лица кои сакаат да го подобрат своето здравје преку исхраната.
  • Лица кои се обидуваат да ослабат или да се здебелат.
  • Спортисти кои имаат потреба од оптимална исхрана за подобри резултати.
  • Лица со хронични болести како: дијабетес, висок холестерол,срцеви заболувања или дигестивни нарушувања.
  • Бремени жени и доилки кои имаат посебни нутритивни потреби.

Придобивки од консултација со нутриционистот:

  • Персонализирани совети за исхрана кои се прилагодени за индивидуата и нејзините потреби на телото.
  • Превенција и подобро справување со здравствените проблеми поврзани со исхраната.
  • Подобрување на енергијата и виталноста преку правилен избор на храна.
  • Постигнување на долгорочни и одржливи  резултати  во врска со тежината и здравјето.

Зошто да одберете Нутриционист?

Нутриционистот е важен партнер  во здравствениот систем, кој помага во одржување на оптималното здравје преку храната и здравите животни навики.

Scroll to Top