третмани за лице / Ултразвучен лифтинг на лице ХИФУ
Ултразвучен лифтинг на лице ХИФУ
Ултразвучен лифтинг на лице ХИФУ( High-intensity Focused Ultrasound) e популарен неинвазивен козметички третман кој користи високо-фокусиран ултразвук за да ги стимулира длабоките слоеви на кожата без потреба од хируршка интервенција. Оваа метода е посебно ефикасна за затегнување на кожата, подигнување на опуштените делови и намалување на брчките.
Како функционира ХИФУ?
Хифу технологијата испраќаконцентрирани ултразвучни бранови во длабоките слоеви на кожата, конкретно во слојот на мускулната фасција(SMAS). Овој слој е оној кој хирурзите го затегнуваат при фејслифт процедури. Ултразвукот го загрева ткивото до специфична температура што предизвикува микро повреди на ткивото.Телото природно реагира на оваа повреда со процес на заздравување кој вклучува создавање на нов колагени еластин главните протеини одговорни за еластичноста и цврстината на кожата.
Придобивки од ХИФУ на лицето:
- Затегнување на кожата
- Подигнување на опуштените делови – третманот е особено ефикасен за подигнување на опуштените делови на лицето: јаболкниците, очните капаци, подбрадокот, и опуштените делови на вратот.
- Намалување на брчки-Брчките околу очите,челото,устата.
- Без хирургија
- Природни резултати-Процесот е постепен, со ефектите кои стануваат видливи веднаш но и неколку недели по третманот кога новиот колаген ќе почне да делува.
Како изгледа процедурата?
За повеќето пациенти еден третман е доволен за да се забележат резултатите, но некои можеби ќе имаат потреба од дополнителни третмани за постигнување на посаканиот ефект.Резултатите се видливи и по 2-3 месеци по третманот бидејќи телото продолжува да произведува колаген,а ефектите може да траат и до година дена.
За кого е погоден ХИФУ третманот?
Овој третман е идеален за лица со благи до умерени знаци на стареење како што се опуштена кожа,фини линии и брчки. Не е препорачлив за лица со тешки опуштени делови или за оние кои што бараат драматични резултати како што се оние постигнати со хируршки лифтинг.
Придобивки:
- Нема потреба од анестезија или време за опоравување
- Резултатите изгледаат природни и со текот на времето се подобруваат
- Постапката е безбедна и неинвазивна.
Хифу е одличен избор за оние кои сакаат ефективен, но неинвазивен третман за подмладување и затегнување на лицето.
