третмани за лице / мезотретмани

Мезотретмани

Мезотретмани или мезотерапија е неинвазивна козметичка процедура која се користи за подобрување на изгледот на кожата и за режавање на различни козметички проблеми. Оваа техника вклучува инјектирање на специјално формулирани коктели од витамини и минерали, аминокиселини и хијалуронска киселина, колаген, пептиди, во средните слоеви на кожата.

Мезотерапијата може да се применува на лицето, вратот, деколтето и телото.

Во нашиот салон мезотретманите се изведуваат со дермапен.

Основни придобивки:

  • Подмладување на кожата
  • Хидратација- хијалуронската киселина помага во задржување на влагата што резултира со поцврста и сјајна кожа.
  • Третирање на брчки и фини линии
  • Решавање на проблеми со акни и хиперпигментации

Процес на третман:

  1. Консултација
  2. Подготовка-кожата се чисти од шминка и нечистотија и се дезинфицира.
  3. Се одбира коктел според типот на кожата и се  нанесува со помош на дермапен.
  4. Рехабилитација -По третманот пациентот може да почувствува благо црвенило или оток, поради тоа се нанесува маска за да се смири црвенилото.

Целиот третман трае околу 40-50 мин. Повеќето од пациентите си одат без никакво црвенило.

Пост-процедурна нега:

  • Избегнување на изложување на директна сончева светлина и користење на заштитен фактор
  • Избегнување на интензивна физичка активност и сауна во првите 48 часа
  • Користење на нежни и хидратантни производи за нега на кожата.

Мезококтелите кои ги користиме се на Infini premium, Mesoestetik, MC Cosmetics.

Мезолифтинг е ефиксен анти ејџинг третман кој ја враќа еластичноста ,сјајот и свежината на кожата. Оваа техника подразбира инјектирање на коктел од хранливи материи, витамини, минерали,антиоксиданси и  хијалуронска киселина директно во кожата, со цел да се стимулира природната регенерација и да се поттикне производството на колаген и еластин. Резултатот е помлада, поцврста и посјајна кожа.(Мезолифтингот во нашиот салон  се изведува со дермапен)

Мезоботокс е иновативен третман кој комбинира мезотерапија и аргилерин ампула со дејство на ботокс, за да се постигне освежен и природен изглед. За разлика од класичниот ботокс со овој третман површински се нанесува коктелот со помош на дермапен, што резултира со фино затегнување и измазнување на кожата, без губење на природната мимика. Овој метод е особено ефикасен за третирање на опуштена кожа и фини линии.

Придобивки од мезоботоксот:

  • Природно затегната и мазна кожа
  • Намалување на фините линии, без губење на мимиката
  • Подобрена текстура и тон на кожата
  • Свеж и подмладен изглед без болка или опоравување.

Мезоботоксот е идеален за оние кои што сакаат суптилно подмладување и природен изглед.Погоден е за сите типови на кожа и особено е корисен за мимичните линии. (користиме мезоботокс на познатиот бренд  mesoestetic, се препорачуваат 3-4 третмани годишно)

Мезохијалурон е ревитализирачки третман за лице кој ја враќа природната хидратација на кожата и ја подобрува нејзината еластичност и сјај.Овој метод подразбира нанесување на хијалуронска киселина на површинските слоеви на кожата со помош на дермапен, што овозможува интензивна хидратација и регенерација.

Хијалуронската киселина е природна компонента на кожата која  ја врзува влагата, а со текот на годините нејзиното ниво опаѓа, што резултира со посува јожа, појава на фини линии и брчки.

Придобивки од третманот со мезохијалурон:

  • Интензивна хидратација и обновување на кожата
  • Намалување на фините линии и подобрување на текстурата
  • Ја враќа свежината и сјајот на лицето
  • Ја зголемува еластичноста на кожата.

Мезохијалуронот е идеален за лица со сува кожа или кожа која покажува знаци на стареење.Погоден е за сите типови на кожа  и нуди моментални резултати во однос на хидратацијата, оставајќи ја мазна, еластична и ревитализирана.

Се препорачуваат 3-4 третмани годишно, Користиме ампули на infini premium, mesoestetic, mc cosmetik

 

Scroll to Top