ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО / Ендосфера на тело

Ендосфера на тело

Ендосферата користи компресивна микро-вибрацијаза подобрување на изгледот на кожата и телото.Оваа техника е особено популарна за намалување на целулитот и контурирање на телото. Стимулира имфна дренажа и помага при слабеење и тонирање.
Ендосферата се изведува со специјален апарат кој 
користи ротирачки цилиндриза да создаде микро-компресија и вибрации на кожата и поткожното ткиво.

Придобивки од ендосферата:
1. Намалување на целулитот
2. Контурирање на телото
3. Подобрување на циркулацијата- Вибрациите ја стимулираат циркулацијата и лимфната дренажа, што помага за елеминирање на токсините и разградените масти.
4. Затегнување на кожата-Терапијата го зголемува производството на колаген и еластин, што води до подобра еластичност и затегнатост на кожата.

Кои области може да се третираат?
Ендосфера терапијата може да се користи на различни делови на телото:
* Стомак
* Бутови
* Задник
* Раце
* Грб


Колку сесии се потребни?
Бројот на потребни сесии варира во зависност од состојбата на кожата и целите на пациентот.Обично се препорачуваат 6-12 третмани спроведени на неделно ниво.Резултатите може да бидат видливи уште по првите неколку сесии, но конечните ефекти се забележуваат по завршување на сесијата.

Кој не треба да користи Ендосфера терапија?
– Бремени жени
– Лица со тромбоза или сериозни васкуларни проблеми
– Лица со инфекции или отворени рани на кожата.
– Лица со тешки кардиоваскуларни или метаболички заболувања.

Scroll to Top