ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО / Радиофрекфенција на тело
Радиофрекфенција на тело (РФ)
Третманот за слабеење со Радиофрекфенција (РФ) е популарна нехируршка процедура која користи радиофрекфентни бранови за топење на масните наслаги, затегнување на кожата и намалување на целулитот.Овој третман е популарен поради неговата ефикасност и тоа што нема потреба од опоравување, што го прави идеален за оние кои што сакаат да го контурираат телото без хируршка интервенција.
Како функционира РФ за слабеење?
1.Загревање на масните клетки-Радиофрекфентната енергија длабоко продира во кожата и и ги загрева масните клетки во поткожниот слој. Оваа топлина ги разградува мастите, кои потоа телото природно ги исфрла преку лимфниот и
2.Затегнување на кожата- Освен што ги таргетира масните наслаги, РФ ја стимулира и продукцијата на колаген што води до затегнување и подобрување на еластичноста на кожата, спречувајќи ја опуштеноста на кожата по губење на тежината.
3.Подобрување на циркулацијата и лимфна дренажа
Придобивки од РФ третманот за слабеење:
– Намалување на локализирани масни наслаги-Рф особено е ефикасен за намалување на маснотиите на одредени делови на телото, како што се стомакот,бутовите,колковите и рацете.
– Намалување на целулитот- Со подобрување на циркулацијата се намалува и целулитот и кожата изгледа помазна.
– Затегнување на кожата
Третманот е безбеден и неинвазивен, сосема безболен , при што клиентот може да си продолжи со секојдневните обврски.
Кои области може да се третираат?
* Стомак
* Колкови
* Задник
* Бутови
* Раце
* Грб
* Подбрадок
Колку сесии се потребни?
За оптимални резултати се препорачуваат 6-10 третмани со интервали од недела дена.
Резултатите варираат од пациент до пациент, но најчесто може да се забележат после 4 третмани.Конечните резултати често се видливи неколку месеци по завршувањето на серијата третмани, бидејќи телото продолжува да ги елиминира разградените масти.
За кого не е препорачлив РФ третманот?
– Бремени жени и доилки
– Лица со пејсмејкери или метални импланти
– Лица со кожни заболувања или повреди на местото каде што ќе се третира
– Лица со сериозни кардиоваскуларни и невролошки заболувања.
РФ третманот за слабење е одличенизбор за оние кои бараат нехируршки начин за нонтурирање на телото и подобрување на изгледот на кожата, комбинирајќи топече на масните наслаги и затегнување на кожата, како и намалување на целулитот.
