ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО / хифу на тело

Хифу на тело

HIFU( High intensity focused ultrasound) е напреден нехируршки третман за затегнување и контурирање на телото, кој користи високо фокусирани ултразвучни бранови за стимулирање на колагенот и намалување на мастите.Оваа технологија овозможува третирање на длабоките слоеви на кожата без оштетување на површината, што резултира со постигнување на поцврста, затегната и мазна кожа.

Како функционира ХИФУ?
   1.Фокусирани ултразвучни бранови-Хифу користи фокусирана ултразвучна енергија за да навлезе во различни слоеви на кожата и поткожното ткиво. Овие бранови создаваат топлински точки кои го стимулираат производството на нов колаген и ја активираат природната регенерација на кожата.
   2.Намалување на масните наслаги-Хифу третманот ги таргетира масните клетки во длабоките слоеви на кожата, со што предизвикува нивно разградување и природно исфрлање од телото преку лимфниот систем.
   3.Затегнување на кожата-Со стимулација на колагенот и еластинот на кожата, се постигнува ефект на затегнување и подобрување на текстурата на кожата , што го прави овој третман идеален за опуштените делови на телото.

Кои делови од телото може да се третираат?
Се користи за различни делови на телото:
* Стомак
* Бутови и задник
* Раце
* Подбрадок и врат
* Колкови и странични делови


Придобивки од ХИФУ третманот:

Нехируршки и неинвазивен
Не се потребни игли или резови, што значи дека нема период за опоравување и ризикот од компликации е минимален.

Целосно персонализиран
Нашиот уред овозможува таргетирање на различни длабочини на кожата и ткивото, што овозможува персонализиран пристап во зависност од индивидуалните потреби на пациентот.

Долготрајни резултати
Резултатите од третманот се долготрајни, бидејќи стимулацијата на колаген продолжува и по неколку месеци по третманот.

Подобрување на тонусот и контурите на телото
Освен што ги намалува 
мастите, третманот помага и во зајакнување на опуштената кожа што е одлично за затегнување на проблематичните зони.

Колку сесии се потребни?
Иако некои пациенти забележуваат резултати веднаш после првата сесија, за оптимални резултати потребни се 2-3 сесии во растојание од 2 месеци.

По третманот:
Пациентите можат веднаш да се вратат на своите секојдневни активности, бидејќи нема потреба од период на закрепнување.
Може да се забележи лесно црвенило или оток, но тие исчезнуваат за неколку часа.
ХИФУ е совршен третман за оние кои што сакаат да ги подобрат своите контури и тонусот на телото без инвазивни процедури или долги периоди на опоравување, нудејќи видливи и долготрајни резултати.

Не се препорачува кај:
– Бремени жени и доилки
– Лица со кожни заболувања и инфекции
– Лица со метални импланти или пејсмејкери
– Лица со екстремно опуштена кожа кај кои е неопходен хируршки лифтинг
– Лица со тешки здравствени состојби- срцеви заболувања, рак или имунолошки нарушувања.
– Лица со нарушена циркулација или проблеми со крвните садови
– Лица со невролошки или мускулни заболувања
– Лица со мускулни заболувања 
како што е миастенија гравис, треба да го избегнат ХИФУ, биделќи ултразвукот може да има не сакани ефекти на мускулната структура.

Пред да се изложат на ХИФУ сите пациенти треба да направат консултација со квалификуван специјалист, кој ќе ја процени нивната кожа и општата здравствена состојба за да утврди дали третманот е соодветен за нив.

Scroll to Top