ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО / ЕЛЕКТРОСТИМУЛАЦИЈА НА ТЕЛО (ЕМС)

Електростимулација на тело

Електростимулацијата на телото ЕМС( електомускулна стимулација) е популарен и ефективен метод за стимулирање на мускулите преку електрични импулси.
Оваа техника се користи за зајакнување на мускулите, подобрување на циркулацијата,намалување на целулитот.

Процес на третман
    1.Поставување на електродите-Специјални електроди се поставуваат на целните мускулни групи, кои треба да се активираат. Овие електроди се поврзани со уред кој генерира електрични импулси.
    2.Активирање на мускулите-Електричните импулси испраќаат сигнали до мускулите предизвикувајќи контракции слични на оние што се случуваат за време на физички вежби.Ова ја затегнува и зајакнува мускулната маса.
     3.Траење на сесијата 30-40 мин

 

Придобивки од електростимулацијата:

– Зголемена мускулна сила и тонус- ЕМС може да помогне во изградба на мускулите, особено во делови на телотокои е тешко да се активираат со традиционални вежби.
– Намалување на целулитот и на маснотиите- Стимулацијата го подобрува крвотокот и го активира метаболизмот,што помага во топење на маститеи подобрување на текстурата на кожата.
– Рехабилитација-ЕМС е ефикасен метод за обновување на мускулната функција по повреди или операции, без да се оптеретуваат зглобовите.
– Подобрување на циркулацијата-Електричните импулси го стимулираат протокот на крв во целните зони, што може да помогне во побрзо закрепнување и регенерација на ткивата.

Колку сесиии се потребни?
Резултатите може да се забележат веќе по неколку сесии, но за оптимални ефекти се препорачува 10-20 третмани.
Фрекфенцијата зависи од целите дали е за фитнес, естетика или рехабилитација.

По третманот
Се препорачува лесно истегнување за да се релаксираат мускулите. Хидратацијата е важна за да се одржи оптималната функција на мускулите и да се исфрлат токсините.
Во зависност од интензитетот на третманот, може да се појави мала мускулна замореност, слична на чувството по интензивен тренинг.
Електростимулацијата е одлична за оние кои сакаат дополнител стимул за своите мускули, без физички напор или како дополнување на редовните тренинзи или третмани за обликување на телото.

Не се препорачува:
– Кај лица со пејсмејкер или метални импланти
– Бремени жени
– Лица со епилепсија
– Лица со кожни заболувања или повреди
– Лица со малигни заболувања
– Лица со нарушена циркулација или срцеви заболувања.
– Лица со невролошки заболувања: Мултипла склероза или мускулна дистрофија

Scroll to Top