ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО / УЛТРАЗВУЧНА КАВИТАЦИЈА
Ултразвучна кавитација
Ултразвучна кавитација е популарен третман за слабеење, кој користи ултразвучни бранови за разградување на масните клетки.Овој неинвазивен метод е дизајниран да ги таргетира и елиминира локализираните масни наслаги и целулитот. Кавитацијата е популарна поради тоа што овозможува губење на сантиметри и подобрување на телесните контури без болка или долг период на опоравување.
Како функционира кавитацијата?
1.Ултразвучни бранови-Кавитацијата користи ултразвучни бранови на одредена фрекфенција за да создаде микро- меури во течностите околу масните клетки.Овие мокро-меури пукаат и ги уништуваат мембраните на масните клетки.
2.Разградување на масните клетки-Кога мембраните на масните клетки се уништуваат,мастите се ослободуваат во облик на триглицериди, кои телото потоа ги обработува преку лимфниот и уринарниот систем.
3.Елиминирање на мастите-Разградените масти природно се елиминираат преку метаболизмот и лимфната дренажа што овозможува постепено намалување на обемот на телото.
Придобивки од слабеењето со ултразвучна кавитација:
– Намалување на масните наслаги-Кавитацијата е ефикасна за намалување на локализираните масни наслаги на места како стомакот, бутовите, задникот,колковите, рацете, каде што мастите тешко се губат со диети и вежбање.
– Намалување на целулитот-Ултразвучните бранови ја подобруваат циркулацијата и помагаат во намалување на изгледот на целулитот, правејќи ја кожата мазна и поцврста.
– Безболен процес-Третманот е безболен, а пациентите чувствуваат само лесна топлина, вибрации на кожата и благ звук во ушите.
Колку сесии се потребни?
Обично се препорачуваат од 6 до 12 сесии во интервали од недела дена и во зависност од индивидуалните потреби и целите на клиентот. Резултатите се забележуваат постепено а видливо подобрување може да се очекува после неколку сесии.
По Третманот
– Се препорачува да се пие многу вода, за да се помогне на телото да ги исфрли мастите.
– Лесни физички активности како пешачењето ќе го забрзаат прцесот на детоксикација
– Избегнување на алкохол, масна храна и шеќери за побрзи резултати
Ултразвучната кавитација е одлична опција за оние кои бараат неинвазивен
начин на слабеење и контурирање на телото, особено за оние кои што имаат
тврдокорни масни наслаги што тешко се губат со традиционални методи.
За кого не е наменет третманот?
1. Бремени жени и доилки
2. Лица со пејсмејкери или метални импланти
3. Лица со болести на црниот дроб и на бубрезите
4. Лица со срцеви заболувања
5. Лица со тешки васкуларни или метаболички нарушувања.
