третмани за лице / мезотретмани
Мезотретмани
Мезотретмани или мезотерапија е неинвазивна козметичка процедура која се користи за подобрување на изгледот на кожата и за режавање на различни козметички проблеми. Оваа техника вклучува инјектирање на специјално формулирани коктели од витамини и минерали, аминокиселини и хијалуронска киселина, колаген, пептиди, во средните слоеви на кожата.
Мезотерапијата може да се применува на лицето, вратот, деколтето и телото.
Во нашиот салон мезотретманите се изведуваат со дермапен.
Основни придобивки:
- Подмладување на кожата
- Хидратација- хијалуронската киселина помага во задржување на влагата што резултира со поцврста и сјајна кожа.
- Третирање на брчки и фини линии
- Решавање на проблеми со акни и хиперпигментации
Процес на третман:
- Консултација
- Подготовка-кожата се чисти од шминка и нечистотија и се дезинфицира.
- Се одбира коктел според типот на кожата и се нанесува со помош на дермапен.
- Рехабилитација -По третманот пациентот може да почувствува благо црвенило или оток, поради тоа се нанесува маска за да се смири црвенилото.
Целиот третман трае околу 40-50 мин. Повеќето од пациентите си одат без никакво црвенило.
Пост-процедурна нега:
- Избегнување на изложување на директна сончева светлина и користење на заштитен фактор
- Избегнување на интензивна физичка активност и сауна во првите 48 часа
- Користење на нежни и хидратантни производи за нега на кожата.
Мезококтелите кои ги користиме се на Infini premium, Mesoestetik, MC Cosmetics.
Мезолифтинг е ефиксен анти ејџинг третман кој ја враќа еластичноста ,сјајот и свежината на кожата. Оваа техника подразбира инјектирање на коктел од хранливи материи, витамини, минерали,антиоксиданси и хијалуронска киселина директно во кожата, со цел да се стимулира природната регенерација и да се поттикне производството на колаген и еластин. Резултатот е помлада, поцврста и посјајна кожа.(Мезолифтингот во нашиот салон се изведува со дермапен)
Мезоботокс е иновативен третман кој комбинира мезотерапија и аргилерин ампула со дејство на ботокс, за да се постигне освежен и природен изглед. За разлика од класичниот ботокс со овој третман површински се нанесува коктелот со помош на дермапен, што резултира со фино затегнување и измазнување на кожата, без губење на природната мимика. Овој метод е особено ефикасен за третирање на опуштена кожа и фини линии.
Придобивки од мезоботоксот:
- Природно затегната и мазна кожа
- Намалување на фините линии, без губење на мимиката
- Подобрена текстура и тон на кожата
- Свеж и подмладен изглед без болка или опоравување.
Мезоботоксот е идеален за оние кои што сакаат суптилно подмладување и природен изглед.Погоден е за сите типови на кожа и особено е корисен за мимичните линии. (користиме мезоботокс на познатиот бренд mesoestetic, се препорачуваат 3-4 третмани годишно)
Мезохијалурон е ревитализирачки третман за лице кој ја враќа природната хидратација на кожата и ја подобрува нејзината еластичност и сјај.Овој метод подразбира нанесување на хијалуронска киселина на површинските слоеви на кожата со помош на дермапен, што овозможува интензивна хидратација и регенерација.
Хијалуронската киселина е природна компонента на кожата која ја врзува влагата, а со текот на годините нејзиното ниво опаѓа, што резултира со посува јожа, појава на фини линии и брчки.
Придобивки од третманот со мезохијалурон:
- Интензивна хидратација и обновување на кожата
- Намалување на фините линии и подобрување на текстурата
- Ја враќа свежината и сјајот на лицето
- Ја зголемува еластичноста на кожата.
Мезохијалуронот е идеален за лица со сува кожа или кожа која покажува знаци на стареење.Погоден е за сите типови на кожа и нуди моментални резултати во однос на хидратацијата, оставајќи ја мазна, еластична и ревитализирана.
Се препорачуваат 3-4 третмани годишно, Користиме ампули на infini premium, mesoestetic, mc cosmetik
