третмани за лице / хемиски пилинг на лице

Хемиски пилинг на лице

Козметички третман кој се користи за подобрување на изгледот и текстурата на кожата преку апликација на хемиски раствори кои предизвикуваат контролирана ексфолијација на епидермисот. Оваа процедура помага во отстранување на мртвите клетки од површината на кожата што поттикнува нејзино обновување и дава посвеж и помлад изглед.

Во нашиот салон користиме PRX/TPRX.

* TPRX ( трихлороцетна киселина)

Овој хемиски пилинг се користи за подмладување на кожата.Оваа киселина продира во средните и длабоките слоеви на кожата, со што предизвикува ексфолијација и како резултат на тоа се стимулира обновување на кожата.Се постигнува изедначен тен, затегнатост и сјај на кожата.

Основни предности:

  • Подмладување на кожата.
  • Намалување на фини линии и брчки
  • Подобрување на текстурата  и тонусот на кожата
  • Намалување на хиперпигментации, дамки и лузни од акни.
  • Намалување на порите и спречување на  акни
  • Побрза регенерацвија на кожата

Процес на третман:

  1. TPRX растворот се нанесува на чисто лице или на некоја друга регија,при што може да се осетите блага и краткотрајна топлина. Овој третман не се измива.

        2. По апликацијата кожата почнува да се лупи, а целосното опоравување трае 1-2 недели.

        3. Пост процедурна нега

        4. Користење на хидратантни креми за да се спречи сувоста

        5. Избегнување изложеност на сонце и задолжително користење на заштитен фактор.

        6. Избегнување на агресивни производи додека кожата целосно не се обнови.

Овој третман е наменет за различни типови на кожа.

Scroll to Top