третмани за лице / ендосфера на лице

Ендосфера на лице

Третманот на лице со ендосфера е иновативна и неинвазивна технологија која комбинира микровибрации и компресивна терапија за да ја подобри циркулацијата, да ја стегне кожата и да го стимулира лимфниот систем.

Овој третман е познат по тоа што делува на различни нивоа на кжата а неговите ефекти се видливи уште по првата сесија.

Како функционира третманот со ендосфера?

Со своите ротирачки, силиконски топчињасоздава микровибрации и компресии на кожата. 

Оваа техника овозможува:

  • Подобрување на циркулацијата- микровибрациите ја поттикнуваат микроциркулацијата и го зголемуваат снабдувањето на ткивото со кислород и хранливи материи.
  • Лимфна дренажа-Компресивната терапија ги стимулира лимфните садови,што помага во отстранување на вишокот на течности,и токсини од лицето.
  • Затегнување на кожата- Со зголемување на производството на колаген и еластин, кожата станува поцврста и поеластична.
  • Подобрување на текстурата-Ендосферата ја измазнува површината на кожата,ги намалува видливите брчки и фините линии и го подобрува тонусот на кожата на лицето.

Придобивки од ендосферата:

  • Намалување на брчките
  • Подобрен тен
  • Стимулација на лимфниот систем
  • Намалување на порите.

За кого е наменет третманот?

Третманот е погоден за сите типови на кожа, особено за оние кои што сакаат:

  • Анти ејџинг третман без инвазивни процедури
  • Подобрување на текстурата на кожата
  • Намалување на подочниците и отеченоста на лицето.

Колку третмани се потребни?

Иако видливи резултати се забележуваат веднаш по првиот третман,за оптимални и долготрајни ефектисе препорачува серија од 6-12 третманизависно од состојбата на кожата и индивидуалните цели.

Третманот е идеален за лица кои бараат безболно и релаксирачко искуство кое носи значајни резултати во подобрување на изгледот и здравјето на кожата.

Scroll to Top